Оливие Жиру веќе долги години е активен на големата фудбалска сцена во која се промовираше играјќи за Монплеје за да потоа си обезбеди трансфер во Премиер лигата во Арсенал и Челси за да од оваа сезона е дел од италијанскиот прволигаш Милан.
Во меѓувреме напаѓачот постојано е активен и во франуската репрезентација, па од сите овие искуства откри за што најмногу жали, односно за трофеите кои му избегале и не ги освоил.
- Порано велев дека фудбалот е вечен нов почеток и дека секогаш мора да бидеш подготвен за следниот предизвик. Тоа е една од рбаотите за кои жалам во кариерата што не ја завршив работата со триумф на ЕП со Франција на домашен терен против Португалија. Другото е што не ја освоив Премиер лигата со Арсенал или Челси, - вели Жиру кој верува дека со „росонерите“ може да дојде до Скудетото.
- Сè уште имам многу надежи за освојување на друга лига со мојот нов клуб и фокусиран сум на тоа, - порача Французинот.