Пике: Меси правеше сè во Барселона, сега мораме…

Дерби

26/10/2021

15:33

1.931

Големина на фонт

а а а

Барселона пред почетокот на оваа сезона остана без својот најдобар играч и капитен Лионел Меси кој не можеше да ја продолжи соработката со клубот поради финансиски причини.

Тој се пресели во Пари Сен Жермен, а Барса не најде замена за него поради ситуацијата која се наоѓа и реши со постоечкиот кадар да проба да направи нешто во кампањата. Меѓутоа каталонците се далкеу од посакуваното ниво, имаат доста проблеми пред во во офанзивната линија во која недостасуваа некои играчи поради повреди и допрвата треба да го дадат најдоброто, својот придонес како што се Фати, Кутињо, Агуеро, Дембеле, ама големо знак прашање и кога тие ќе видат фин и 100 проценти спремни дали ќе можат да ја направат екипата многу поефикасна, пооопасна, понепредвидлива…

Жерард Пике долги години го знае Меси и многу помина со него, па од свој агол се обиде да објасни какво влијание имаше заминувањето на Аргентинецот од „Камп Ноу“.

- Никогаш не можеше да се замисли дека ќе замине. Секако, тешко е кога ќе си замине најдобриот играч во историјата на клубот. Реал исто така кого Кристијано си замина, мина низ период кога не можеа да постигнат гол против виножито. Па сега и ние. Со Лео живееме многу години, но сега треба да најдеме нови референци.

- Проблемот е што Лео ти дава се. Меси се правеше. Мора да најдете играчи кои ви го дадат она што само тој може да ви го даде, - порача Пике за „Ел Паис“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг