Ревакцинирани се 46% од полнолетните граѓани во државата

Макфакс

26/10/2021

15:29

1.282

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинации, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓани.

„54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, се нагласува во соопштението.

Од ресорното министерство посочуваат дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

„Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, стои во извештајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг