Жените во Авганистан ги бараат своите права и помош: Зошто светот мирно гледа како умираме?

Точка

26/10/2021

14:58

2.090

Големина на фонт

а а а

На денешните протести во Кабул, жените ги барале своите права на работа и образование и ја повикале меѓународната заедница, велејќи дека светот гледа и молчи додека тие умираат.

"Зошто светот мирно гледа како умираме?", стоело на еден од натписите кои ги носеле демонстрантите во Кабул.

Десетици од нив го ризикувале гневот на Талибанците, кои забраниле демонстрации и ги гушеле со сила од преземањето на власта во август.

Пред исламистите да ги отстранат медиумите ги следеле протестите, активистиките успеале да ги истакнат транспарентите со барања за право на образование и работа.


"Бараме од генералниот секретар на ОН да не поддржи во барањето на правата на образование и работа. Во овој момент се ни е ускратено", рекла за "AFP" Вахида Амири, една од организаторките на Спонтаното движење на жени активисти во Авганистан.

Нивниот протест, кој се однесува на "политичката, социјална и економска ситуација" во Авганистан, требало да се одржи во близина на мисијата на ОН, но во последен момент бил префрлен на друга локација.

Станува збор за влезот во некогашната "Зелена зона", каде се наоѓаат зградите на неколку западни амбасади кои во главно се напуштени по преземањето на власта од страна на Талибанците. Вооружените талибански чувари на влезот на тоа подрачје ги повикале демонстрантите и медиумите да се оддалечат.


Известувачот на "AFP" бил сведок на доаѓањето на засилувањето од десетина други, во главно вооружени талибански стражари, кои ги истерале новинарите, а на еден од нив му го одземале мобилниот телефон со кој го снимал протестот.

"Немаме ништо против талибанците, само сакаме да протестираме во мир", рекла Вахида Амири.

Симболичните демонстрации на жените станале честа појава во Кабул последните недели, откако талибанците не им дозволиле да се вратат на работа, а на повеќето девојчиња и натаму им е забрането да се вратат во училиште.

Минатиот четврток околу 20 жени добиле дозвола да протестираат подолго од еден час, но талибанците претепале неколку новинари кои го следеле протестот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг