"Не гледам причина да увезуваме вакцини од Западот, кинеската и руската вакцина се подобри"

Точка

26/10/2021

14:26

2.834

Големина на фонт

а а а

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјавил дека не гледа причина да увезе вакцини против коронавирус од западните земји, бидејќи кинеските и руските, кои веќе се користат во неговата земја, се подобри.

Тој додал дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини користејќи руска технологија и дека во иднина ќе се појави и белоруски лек против коронавирусот, пренесува "RIA".


Во Белорусија се користи кинеската вакцина "Синофарм", како и руските "Спутник В" и "Спутник Лајт".


Како што било претходно најавено, белоруските експерти до крајот на годината ќе примат пробни дози од вакцината која е развиена во таа земја, а наредната година и први комерцијални дози.


Според податоците од министерството за здравство прва доза вакцина досега примиле повеќе од 2,7 милиони Белоруси, а целосно имунизирани се повеќе од 2.02 милиони од вкупно 9,35 милиони жители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг