Бизарниот трилер на „Netflix“ ги воодушеви гледачите: Сте го гледале ли овој филм?

Точка

26/10/2021

14:16

4.594

Големина на фонт

а а а

„The Trip“ е новиот трилер на „Netflix“ со елементи на црн хумор за брачниот пар кој сака меѓусебно да се убие.

Приказната ги следи Лиса и Ларс, брачен пар кој заминува во куќа за да се убијат еден со друг.

Тој е режисер кој сонува за голема кариера, но режира ТВ-сапуници, а таа е актерка која преживува од снимање на реклами за еректилна дисфункција, иако се надева дека еден ден ќе има сериозна кариера во театар.


Нивниот брак е проследен со многу проблеми, Лиса го изневерува Ларс, а не помага ниту тоа што брачниот пар си се мразат еден со друг од дното на душата.

Покрај тоа, тие се во долгови, но имаат уплатено за животно осигурување. И, поради тоа, кога одлучуваат да поминат мирен викенд во куќа, всушност планираат да се убијат ден со друг.

Овој норвешки трилер е дело на Томи Виркол, „злобното момче“ на скандинавските филмови, а завршува со крвава пресметка поради која многумина крајот на филмот ќе го дочекаат со дланките поставени на очите.

Во филмот нема да најдете документирани и значајни разговори за смислата на животот, но затоа има изобилство на пушки, електрошокови, ножеви...


Филмот не ја следи само борбата на брачниот пар туку и непоканетите гости против кои Лиса и Ларс ќе мора да ги соединат силите.

Филмот ги заработи симпатиите на гледачите кои сметаат дека е забавен и филм кој мора да го гледате. 

Погледнете го трејлерот:

Ова се реакциите на гледачите: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг