Куман свикал вонреден состанок со лекарскиот тим на Барселона

Дерби

26/10/2021

13:16

1.959

Големина на фонт

а а а

Роналд Куман загуби уште едно „Ел Класико“, но веќе мора да размислува за следниот натпревар и консолидирање на својата екипа која и натаму има големи амбиции во Ла Лига.

Покрај тоа што резултатски работите не се според најпосакуваното сценарио на Холанѓанецот, тој е незадоволен и од работата на лекарскиот тим.

Шпанските медиуми подолго време пренесуваат дека Куман има многу забелешки поради честите повреди и лошите проценки, а вчера свикал и вонреден состанок со лекарскиот тим и физиотерапевтите на Барселона.

Повод била новата погрешна прогноза околу состојбата со Педри, за кого според најновата верзија, враќањето на терените се уште е далеку од реалноста.

Претходно беше најавено дека Педри ќе се врати на тренинзите деновиве, па Куман повторно барал одговорност од лекарите и елиминирање на ваквите пропусти кои имаат влијание и врз игрите на екипата на теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг