Добри вести за Пиоли, уште еден фудбалер излегува од изолација

Дерби

26/10/2021

12:56

868

Големина на фонт

а а а

Милан вечерва го пречекува Торино со единствен императив, со победа да си обезбеди задржување на првата позиција на табелата во Серија А.

Тренерот Стефано Пиоли и натаму има одредени проблеми со составот, но последниве денови доби и добри вести.

Откако францускиот репрезентативец Тео Ернандес имаше негативен тест и се врати на тренинзите, сега тоа ќе се случи и со Брахим Диаз.

Утринава, Диаз го потврдил негативниот тест за ковид-19, што значи дека и тој ќе му биде на располагање на својот тренер наредниот период.

Останува да се види кога Ернандес и Диаз ќе се вратат на терен, но ако тоа не биде против Торино, тогаш сигурно во следното коло бидејќи Милан има тешко гостување кај Рома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг