Навивачите побарале Баерн да го раскине договорт со Катар ервејз

Макфакс

26/10/2021

11:30

758

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Баерн Минхен побарале клубот да ја раскине соработката со еден од најважните спонзори, Катар ервејз. На 25 ноември, Собранието на клубот ќе го разгледа предлогот.

На навивачите им пречат извештаите на разни организации дека во Катар не се почитуваат човековите права.

„Работејќи со компанија која е во сопственост на државата Катар, Баерн активно придонесува да се шири сликата дека Катар е модерна, космополитска држава. Тоа не е вистина, таму човековите права не се почитуваат“, порачале навивачите.

Баерн од Катар ервејз годишно добива 10.000.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг