Главната научничка на СЗО предупредува: „Вакцината не е доволна, светот треба да размислува за наредните пандемии“

Точка

26/10/2021

21:06

3.462

Големина на фонт

а а а

Докторкта Сваминатан ја повикала меѓународната заедница да инвестира средства за подготовка за наредната пандемија, за да се избегнат разорните последици кои светот ги видел во последните 20 месеци.

Д-р Своумија Сваминатан, главната научничка од СЗО вели дека вакцинацијата не е доволна за да се стави крај на пандемијата.

Таа нагласува дека вакцините треба да се поделат еднакво и на сиромашните земји, како и медицинските апарати и уреди за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Вакцинацијата е само едно средство, но тоа не е универзално решение. Вакцините се многу ефикасни против заштитата од тешка и комплицирана болест, но тие не штитат сто отсто од инфекцијата“, нагласила таа.


„Иако појавата на инфекцијата кај вакцинираните луѓе и натаму е ретка, вакцинацијата не значи дека личноста не може да го пренесе вирусот на друг човек со поголем ризик. Сè уште имате земји со висок процент на вакцинација во кои стапката на новозаразени е во пораст“, додала докторката.

„Колку што стапката на пренесување на заразата е поголема, поголема е и опасноста од генерирање на нови варијанти на вирусот, кои потоа се враќаат и повторно ги заразуваат луѓето, дури и доколку сте вакцинирани. Постои моќен научен аргумент за продолжување на примената на мерките против коронавирусот, додека сите во светот не стекнат заштита“, продолжила докторката.

Подготовка за следна пандемија

„Светот повторно мора да размислува за подготвеноста на пандемија, како навистина да се подготви за спречување со следната пандемија? А, доколку тоа целосно не е возможно, како да се открие истата навреме и во рана фаза? И како на неа да одговориме?“, нагласила докторката.

Според податоците на „The New York Times“, околу 49,7 отсто од светската популација примила барем една доза од вакцината.

СЗО не прогласи нова мутација со „особена причина за загриженост“, откако многу заразната варијанта на делта сојот се појави минатата пролет.

Меѓутоа, т.н. делта-плус варијанта ги загрижи докторите во Израел и Јапонија.

Бројни богати земји со релативно висока стапка на вакцинација веќе ги укинаа ограничувањата поврзани со пандемијата, во одредени случаи и без оглед на зголемениот број на новозаразени, како Велика Британија која главно ги укина мерките како задолжително носење на заштитна маска на јавни места.

Данска во која 76 отсто од жителите се целосно вакцинирани, ги повлече речиси сите заштитни мерки кои беа насила како последица на коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг