Мел Гибсон ја продава својата романтична вила во Малибу по неверојатна цена

Точка

26/10/2021

10:05

30.534

Големина на фонт

а а а

Актерот ја поседува една од најубавите куќи во популарниот калифорниски град.

Мел Гибсон е еден од најпознатите актери кој освен кариерата во Холивуд се занимавал и со недвижности откако одлучил да инвестира во повеќе домави и своето богатство да го прошири на 425 милиони долари.

Актерот има домови во многу земји, од Австралија и Костарика до Фиџи и Америка.


Во Малибу во 2008 година тој ја купил една од најромантичните куќи во околината која со љубов ја реновирал, истакнувајќи ги нејзините класични елементи. Сега истата таа куќа ја продава по цена од 14,4 милиони долари.

На самиот влез од куќата ќе ве дочека двокатно фоаје кое се отвора кон големата дневна соба со плафон украсен со дрвени греди.

Главните карактеристики на декорацијата се темните подови од дрво, француска балконска врата и големи лустери.


Куќата има пет спални соби, пет тоалети и голема кујна со мермерна површина. Исто така во оваа раскошна вила се наоѓаат и теретана, канцеларија и трпезарија.

Дворот од вилата е опремен со трпезарија на отворено од каде има прекрасен поглед. Градината има два базени и сопственикот е автоматски претплатен во „La Costa Beach Club“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг