Сопругата на Алек Болдвин првпат по ужасната трагедија се обрати во јавноста: „Немам зборови...“

Точка

26/10/2021

09:01

4.970

Големина на фонт

а а а

Хилари Болдвин не можела да проговори ниту збор по големиот шок кој го доживеала откако дознала дека нејзиниот сопруг ја уби директорката на фотографија.

Хилари Болдвин, сопругата на прославениот актер Алек Болдвин, кој пред три дена поради сплет на несреќни околности на снимањето на филмот „Rust“ ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, собрала сила да се огласи по пат на социјалната мрежа Инстаграм и да ја искаже својата тага по повод трагедијата.

„Моето срце е со Халина. Со нејзиниот сопруг. Со нејзиниот син. Со нивното семејство и со саканите. И со мојот Алек. Тажно е. „Немам зборови“ затоа што невозможно е да го искажете шокот и болката во срцето поради ваквата трагична несреќа. Загуба. Поддршка“.

Објавата за само неколку минути добила над илјада лајкови и коментари со зборови на поддршка, меѓу нив коментирале и колегите на Алек, Кејт Курик, Мелани Грифит, Фернанда Урејола.

Хилари е неизмерна поддршка на својот сопруг кој моментално е скршен од болка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг