Ердоган се откажа од протерувањето на западните дипломати: "Се повлекоа, ќе бидат повнимателни во иднина"

Точка

25/10/2021

21:36

3.153

Големина на фонт

а а а

Западните амбасадори во Турција "се повлекле" и во иднина "ќе бидат повнимателни", изјавил денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и се откажал од протерувањето на 10 дипломати на кои им се заканувал поради нивната поддршка на затворениот филантроп Осман Кавала.

"Нашата намера не беше да предизвикаме криза", туку да ги заштитиме суверените права на Турција, рекол Ердоган.

Десет амбасадори од САД, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска, во заедничко соопштение на 18-ти октомври повикале на "брзо и праведно решение на случајот" со Осман кавала, кој е во затвор од 2017-та година.

Ердоган тоа го сфатил како напад и навреда на турското правосудство во изјавата по состанокот на својата влада.

"Мојата задача како шеф на државата беше да им го дадам потребниот одговор", додал турскиот претседател и оценил дека турските судови не добиваат наредби од било кого.

"Нивното ново соопштение покажува дека се повлекле", рекол Ердоган откако 10-те земји потврдиле дека делуваат во склад со членот 41 на Виенската конвенција која ги регулира дипломатските односи забранува било какво мешање во внатрешните прашања на земјата домаќин.

Ердоган во саботата објавил дека наредил протерување што е можно побрзо на тие 10 дипломати, иако таа најава не била проследена со официјално известување пратено до споменатите држави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг