Британскиот пејач е заразен со корона, концертите ќе ги одржи од дома

Точка

25/10/2021

20:40

5.448

Големина на фонт

а а а

Популарниот британски пејач Ед Ширан е заразен со коронавирус, поради што дружењето со фановите ќе мора да го продолжи преку виртуелните платформи.

Ширан ѝ се обратил на јавноста по пат на Инстаграм, извинувајќи се бидејќи ќе мора да ги откаже настапите во живо.

"За жал, јас сум позитивен на корона и моментално сум во самоизлоација. Сите интервјуа и настапи ќе ги одржам од дома", напишал пејачот.

Покрај редовните настапи, Ширан е присилен да го одложи и гостувањето во емистијата Saturday Night Live (SNL). Сѐ уште не е познато дали целосно ќе го откажи и тој ангажман или ќе го одработи од дома.


Британецот во наредниот период требало да го промовира својот нов четврт студиски албум, кој ќе се објави на 29 октомври оваа година. Како најава за албумот, тој неодамна ја објави песната "Visiting Hours".



Спонзорирани линкови

Маркетинг