Коњ во бизарна несреќа удрил и усмртил шпанска јавачка

Точка

25/10/2021

20:20

65.113

Големина на фонт

а а а

Спортскиот совет на Шпанија и Шпанската федерација за јавање изразиле жалење поради смртта на јавачката Елена Легаре (43) која починала во неделата откако коњ ја удрил во коњичкиот центар Робледалес во Зеноц.

Локалната полиција ги истражува околностите кои довеле до оваа трагедија, а спортскиот совет на своите мрежи објави порака со која изрази сочувство до семејството и пријателите на Елена.

Според првичните информации, Легара добила удар од копитото на коњот во градниот кош во момент кога го спуштала од камион.

Трагедијата се случила околу 18:50 часот, кога Легара се вратила од натпреварување на првенство во јавање во Хондариби и го спуштала коњот од камион за да го однесе во шталата.


Еден од коњите се вознемирил и силно ја удрил со копитото во левиот дел од градниот кош, близу срцето, па докторите не можеле да направат ништо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг