Погледнете како изгледа новата суперјахта на Безос вредна вртоглави 500 милиони долари

Точка

25/10/2021

19:04

6.384

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер Џеф Безос ја чека својата суперјахта која ќе биде најголемата на светот и која го чинела неверојатни 500 милиони долари.

Основачот на Амазон е сопственик на мега јахтата која моментално се наоѓа во Холандија. Се наоѓа на луксузното бродоградилиште Океанко и се гради под името со код Проект 721. Долга е 127 метри, а ќе биде подготвена за испорака во 2022 година, откако ќе биде тестирана на море.


Безос не потврдил дека е сопственик на јахтата, но Блумберг објави дека во месец мај милијардерот уплатил одредена сума на пари наменети за јахта.


Продажбата на јахтата во САД за време на пандемијата во 2020 година го забележа најголемиот успех во последните 13 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг