Воениот пуч во Судан е последица на недовербата меѓу војската и цивилните лидери, кои ја делат власта од август 2019-та година, пишува "BBC".
Војската и цивилните лидери ја делат власта од рушењето на претседателот Омар ел Башир во 2019-та година. Ел Башир бил турнат од власт од војската, но масовните улични протести без преседан ги принудиле генералите да преговараат за план кој имал за цел преминување на демократска влада.
Судан досега требало да биде во период на транзиција во која цивилите и воените лидери владеат со земјата преку заедничко тело, колективен шеф на државата, познат како Суверен совет, но овие две групи се јавно во судир.
Protests now forming down Africa St in #Khartoum in response to reported coup in #Sudan ?? pic.twitter.com/xSKe93DVRP
— William Carter (@WillCarter_NRC) October 25, 2021
Војската, пред да биде договорена демократска транзиција, во јуни 2019-та година отворил оган на учесниците на протестите во престолнината Картум, а притоа биле убиени 87 луѓе.
Тензиите во земјата се влошиле во неуспешниот обид за пуч минатиот месец.
Минатите неколку недели во земјата биле одржани протести во кои се барало од војската да ја преземе власта, како и големи демонстрации во текот на кои му била искажана поддршка на премиерот.
Shared now from sudan #SUDAN_COUP #لا_للانقلاب_العسكري #الردة_مستحيلة pic.twitter.com/wXoby2HEBo
— Zee?. (@zainabtha) October 25, 2021
Учесниците во протестите наклонети на војската ја обвиниле владата дека не успеала да го оживее националното богатство, во време на се поприсутниот недостиг на леб.
И потезите на Хамдок насочени кон реформите на економијата, кои вклучуваат намалување на субвенциите за гориво, се покажале меѓу поединците како непопуларни.
This is Sudan right now!
— Hopewell Chin’ono (@daddyhope) October 25, 2021
Citizens are rejecting the coup that has taken place today.
The military has detained the Prime Minister after he refused to join the coup plotters.
The military has shut down the internet so that the world doesn’t see the unpopularity of the coup. pic.twitter.com/5o3dKenSOW
Највисоко рангираниот претставник на цивилите, премиерот Абдала Хамдок, како што пренесуваат медиуми, бил приведен од војската заедно со неколку министри.
Изгледа дека војската ја преземала контролата над седиштето на државните телевизии и радија, а ограничен е и пристапот на интернет.
Министерството за информирање на Судан на Фејсбук објавило дека премиерот сега ги повикал луѓето да ја поддржат владата. На некои фотографии и од извештаите кои доаѓаат од престолнината од Картум се гледаат демонстранти.
На улиците е распоредена и војска за да го ограничи движењето.
Неколку луѓе биле повредени во судирите меѓу суданските војници и граѓаните кои протестираат против пучот, а кои се обиделе да се доближат до зградата на генералштабот во Картум, јавила телевизијата "Ал Арабија", повикувајќи се на сведоци.
Демонстрантите претходно ги пробиле барикадите и влегле во улицата која ја окружува војската во Картум.
Хамдок бил преместен на непозната локација, откако одбил да издаде соопштение во знак на поддршка на воениот удар во таа земја, соопштило суданското Министерството за информации.