Поради постапката на легендарниот англиски фудбалер и долгогодишен играч на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, се згрозила цела Англија, а најверојатно и светот, откако неговата ќерка објавила снимка од тоа на Инстаграм.
„Што тој прави?“
На снимката може да се види како еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер ѝ го грицка ноктот на својата ќерка Алиша.
Алиша Сколс покрај видеото напишала: „Вистинска љубов“, но многу фанови не го делат нејзиното мислење.
Илјадници луѓе коментирале на нејзината објава, а повеќето биле целосно згрозени.
„По ѓаволите, што прави?“, „Што се случува овде?“, „Ми се гади, гнасно копиле“, се само дел од коментарите под видеото.