Славниот фудбалер и неговата ќерка со бизарниот ритуал ги шокирале следбениците: „Што по ѓаволите прави тој?“

Точка

25/10/2021

18:00

2.757

Големина на фонт

а а а

Поради постапката на легендарниот англиски фудбалер и долгогодишен играч на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, се згрозила цела Англија, а најверојатно и светот, откако неговата ќерка објавила снимка од тоа на Инстаграм.

„Што тој прави?“

На снимката може да се види како еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер ѝ го грицка ноктот на својата ќерка Алиша.

Алиша Сколс покрај видеото напишала: „Вистинска љубов“, но многу фанови не го делат нејзиното мислење.

Илјадници луѓе коментирале на нејзината објава, а повеќето биле целосно згрозени.

„По ѓаволите, што прави?“, „Што се случува овде?“, „Ми се гади, гнасно копиле“, се само дел од коментарите под видеото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг