Намален број на новозаразени од Ковид-19, 11 починати

Точка

25/10/2021

17:32

2.082

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица.

Починале по 2 лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно лице од Македонска Каменица (82г), Охрид (80г), Прилеп (74г), Пробиштип (64г) и Штип (70г).

Во последните 24 часа потврдени се 135 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 91 случај во Скопје, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово.

Регистрирани сe 330 оздравени пациенти, односно од Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2 и по 1 од Гостивар, Радовиш и Крушево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.514 тестови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг