Неколкугодишна казна за насилниот наставник: Дисциплинска комисија ќе одлучува за овој случај

Точка

25/10/2021

15:49

4.164

Големина на фонт

а а а

Во училиштетото „Панајот Гиновски“ е започната постапка за формирање дисциплинска комисија која треба да ги утврди околностите и да одлучи како ќе постапи со наставникот по англиски јазик кој физички се пресмета со ученик од 7 одделение, што ја згрози јавоста преку објавеното видео на „Тик Ток“.

Денеска во училиштето беа инспектори од Државниот просветен инспекторат, чии констатации од записникот јавноста ќе ги дознае утре.

„Извршен е разговор со лица поврзани со случајот и по насока на Јавен обвинител ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, информираат од МВР.

Правниците, како што пишува пак, Плусинфо сметаат дека не е искучено наставникот кривично да одговара, односно да му се стави на терет на насилникот кој направи повреда на правото на детето според чл.130 и чл. 143 од КЗ.

За ова кривично дело во Кривичниот законик законодавецот во ченот 130 предвидел затворска казна од шест месеци до три години, а пак за кривичното дело, малтретирање во вршење на службата (член 143) е предвидена казна и до пет години.

„Тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“, се вели во Кривичниот законик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг