„Bespoke“ - убав и функционален: Срцето на домот е кујната, срцето на кујната е фрижидерот

Точка

25/10/2021

23:21

30.692

Големина на фонт

а а а

Дизајнирајќи ја кујната од своите соништа, многу луѓе наидуваат на проблем при изборот на апарати. Честопати она што се нуди не ги задоволува естетските желби на корисникот или поради ограничениот избор на димензии, елементите тешко се вклопуваат во просторот.

За да не се најдеме принудени да избираме помеѓу дизајнот и функционалноста Samsung го создаде фрижидерот Bespoke како комбинација од совршен дизајн и врвни перформанси.

За вкусовите не може да се дискутира

Без разлика за каков вид кујна станува збор, рустикален или модерен стил, комбинацијата на дизајн, практичност и функционалност на едно место создава кујна од соништата. Сакате да имате избор, без разлика дали станува збор за материјал, боја или посакувана завршница, а да не жртвувате ништо од функционалноста. Динамичната усогласеност со потребите и желбите на корисниците, преку иновативен Flex дизајн, е важна одлика на новите фрижидери Samsung Bespoke. Во однос на естетиката може да се избере помеѓу црна, лилава небесно сина, беж, сребрена и бела, која може да се комбинира со материјали од сатен-стакло, глам-стакло, прозирно стакло, теракота метал, вистински нерѓосувачки челик и челик- метал.


Безграничен простор

Без оглед на важноста на импресивниот, оригинален и прекрасен дизајн на уредот, не треба да заборавите на функционалноста. Кога станува збор за фрижидерот, вечен проблем беше просторот во него, можноста за организација што ја нуди и прилагодливоста. Внатрешноста на Samsung Bespoke фрижидерот е неверојатно флексибилна. Може да реорганизирате и адаптирате полици и прегради според моменталните потреби.

Тука е и уникатната SpaceMax ™ технологија која се карактеризира со потенка изолација со која се добива повеќе простор, без губење на ефикасноста. Но, со просторот доаѓаат и проблеми со намирниците што ги купуваме во големи количини, бидејќи времето е најголемиот непријател на нивната свежина. Овој проблем вешто се решава со Optimal Fresh + технологијата, со која е можно преградите на фрижидерот да се организираат во две одделни зони со различни температури на ладење, што обезбедува двојно поголема свежина на храната.


Експлозија на свежина

Динамичниот живот и модерните навики подразбираат и многу стрес на дневна основа. Ослободете се од стресот со здрава домашна свежа исхрана притоа не одејќи често на пазар. Благодарение на Flex зоната, можете да избирате помеѓу пет опции за ладење и Humidity Fresh + технологија, што овозможува оптимално прилагодување на влажноста во посебните прегради на фрижидерот. Се што сте испазариле и складирале останува свежо во следните неколку дена, храната ја задржува својата текстура и вкус подолго време.


Честото одмрзнување на фрижидерите без No frost технологија оди во заборав. Циркулацијата на воздухот обезбедува постојана температура и во исто време спречува формирање на мраз, а во исто време предизвикува побрзо постигнување на потребната температура.

Новите фрижидери на Samsung - Bespoke, со најнови карактеристики и опции со својата практичност, естетика и индивидуалност ќе бидат нераскинлив дел од вашиот ентериер. Повеќе информации за новите ладилници Bespoke на Samsung може да се најдат на линкот.


Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг