Претпладнево нова сообраќајна незгода се случила кај зградата на Европската Унија во центарот на град Скопје.
Автомобил со скопски регистарски таблички се заби во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ.
Инаку, во текот на викендов на истото место имаше уште една сообраќајка во која автомобил управуван од жена буквално влета кон зградата и искрши дел од опремата околу зградата откако претходно со автомобилот преминала преку заштитните столпчиња.
Двете сообраќајни несреќи во кои за среќа нема жртви, се коментираат на социјалните мрежи како „обид за влегување во ЕУ“.
Еве дел од коментарите на Твитер:
Ауу решени сме на сила да влагаме во ЕУ ? https://t.co/mi0XwyVXK5
— Poleka Petre (@HFobija) October 25, 2021
Дојдовме по датумот pic.twitter.com/49TvVdsNCX
— Свежина во етерот (@di6idlab0k0) October 24, 2021
Сите по скратениот пат до ЕУ ? https://t.co/nP1X9ftaft
— Sofre Trifunoski (@SofreTrifunoski) October 25, 2021
Улетујјјјјјјјј народе датум давает!!!!! https://t.co/niB8nx2V2K
— Mister No (@Mister__No) October 25, 2021