Повеќе од една година без ниту еден случај на Ковид-19: Жителите на овој остров гласаа против отворање за туристите

Точка

25/10/2021

20:43

3.395

Големина на фонт

а а а

Жителите на овој остров не виделе ниту еден турист од месец март 2020 година како и воведување на вонредна состојба и разни ограничувања како последица на Ковид-19.

Жителите на Велигденските острови се одделени од светот повеќе од година и пол поради пандемијата на коронавирусот, а сега тамошните жители на референдумот гласале против повторно отворање на островот за туристите.


Во гласањето учествувале 972 лица, помалку од 20 отсто од жителите.

Инаку, резултатите од ова гласање не се обврзувачки, па конечната одлука ќе биде донесена од страна на здравствените власти на Чиле.

Во Чиле од почетокот на пандемијата имало над 1,6 милиони случаи на позитивни случаи на коронавирус и над 36.000 смртни случаи.

Велигденските острови досега забележале само осум позитивни случаи на Ковид-19 и ниту еден нов случај од месец септември 2020 година досега, а во текот на пандемијата немало ниту смртни случаи, стои во официјалните податоци.

Околу 73 отсто од жителите на Велигденските острови се вакцинирани против Ковид-19. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг