Невил за поразот на Јунајтед: Оле нема да добие отказ, но мора да преземе одговорност за една работа

Дерби

25/10/2021

11:13

1.167

Големина на фонт

а а а

Гери Невил очекувано меѓу првите ги коментираше вчерашните случувања на „Олд Трафорд“ и катастрофалниот резултат на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Невил е убеден дека Оле Гунар Солскјер ќе добие поддршка од раководството и нема да биде заменет среде сезона, но очекува брза реакција од него и од фудбалерите, кои сега се на удар на навивачите.

– Нема сомневање дека менаџерот ќе биде затрупан од критики, од сите страни ќе има притисок за отказ, но како ли овој пораз ќе влијае на фудбалерите.

– После вакво нешто, не постои место каде можат да се сокријат. Јунајтед ќе биде целосно деморализиран, наредните 24 часа ќе бидат навистина жешки во клубот.

– Ваквиот епилог против Ливерпул беше најавуван последнте пет-шест недели. Ова беше играта на Јунајтед цела сезона, секогаш кога ќе се сретнат со посилен тим, се распаѓаат, а тоа е показател на кое ниво се. Ова е целосна капитулација.

– Јунајтед се залажува дека може да игра пресинг. Менаџерот и стручниот штаб мора да преземат одговорност за играта со пресинг денеска. Зошто би го правеле тоа? Тие не се таков тим, а ако веќе играш на таков начин, во игра мора да биде Лингард и други фудбалери кои можат да трчаат цел ден, – изјавил Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг