Јувентус освои бод на вчерашното гостување кај Интер, а тренерот Макс Алегри вели дека ремито против шампионот го остава неговиот тим во позитивна серија, со можност да биде намалена разликата во однос на ривалите.
Вниманието на јавноста го привлече и пораката која на ливче хартија му беше испратена на Леонардо Бонучи при влегувањето во игра на Каио Жорге.
Бразилецот влезе во 83. минута, а Бонучи откако ја прочита пораката, го стави ливчето во својата чорапа. Алегри вели дека тој не ни знае што пишувало.
– Јас не ја напишав пораката туку мојот асистент (Ландучи). Беше нешто поврзано со прекините, бидејќи тоа е негова територија. Можеби затоа ми вели да ги одложам замените, за да има време да пишува, – одговорил Алегри.
Интер го постигна голот кога на Бернардески му се укажуваше лекарска помош, но Алегри смета дека тоа не влијаело на реализацијата на Џеко.
– Тоа беше коинциденција, дури и со играч помалку не требаше да примиме таков гол, – рекол тренерот на Јувентус.
What was written on that piece of paper given to Bonucci? ⬇️
— Rete This Way: A Calcio Podcast ???? (@ReteThisWay) October 24, 2021
pic.twitter.com/xf2EiJHCkW