Ноќ во знакот на браќата Кари и Кармело Ентони

Макфакс

25/10/2021

10:20

4.574

Големина на фонт

а а а

Браќата Кари и Кармело Ентони ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Стеф Кари стана најдобриот асистент во историјата на Голден стејт Вориорс, Сет Кари постигна 23 поени во првата четвртина за Филаделфија, а Кармело Ентони им ја донесе првата победа во сезоната на Лос Анџелес Лејкерс.

Стеф Кари, во победата на Голден стејт во Сакраменто 119:107, забележа 27 поени и 10 асистенции. Кари ја мина бројката од 5.000 асистенции во кариерата, најмногу во историјата на франшизата. Џордан Пол постигна 22, а Дрејмонд Грин 14 поени за Вориорс.

Екс играчот на Вориорс, Херисон Барнс со 24 поени го предводеше Сакраменто.

Помладиот брат на Стеф, Сет, дулот во Окалхома го заврши со 28 поени, 23 од нив постигна во првата четвртина, во која постигна шест тројки од седум обиди. Филаделфија во Оклахома победи со 115:103.

ЛА Лејкерс, во третиот меч ја забележаа првата победа во сезоната. Предводник беше Кармело Ентони со 28 поени. Ентони го скокна Мосис Мелоун на деветтото место на листата на најдобри стрелци, во историјата на лигата.

Во победата на Лејкерси над Мемфис 121:117, Ентони Дејвис постигна 22 поени за Лејкерси, а Џа Морент 40 поени за Мемфис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг