Тренерите ги отворија картите: Куман со претпазлива формација, Анчелоти ги награди последните стартери (Фото)

Дерби

24/10/2021

16:00

975

Големина на фонт

а а а

На неполн час пред почетокот на големото „Ел Класико“ дерби, двајцата тренери ги отворија картите кога се во прашање стартните постави за фантастичната пресметка која се очекува на „Камп Ноу“.

Роналд Куман како домашен стручак се реши за доста попретпазлива формација во која дури пет фудбалери ќе имаат дефанзивни задолженија, бидејќи покрај голманот Тер Штеген, пред него ќе бида Мингеза, Пике, Ерик Гарсија, Жорди Алба и Дест.

Последните двајца ќе имаат и офанзивни задачи во формацијата 5-3-2, во која во средината се Де Јонг, Гави и Бускетс, а во нападот Ансу Фати и Мемфис Депај.

На спротивната страна, Карло Анчелоти ги награди фудбалерите кои одиграа извонредно на гостувањето кај Шахтјор, па буквално истите 11 ќе истрчаат на „Камп Ноу“.

Куртоа е на голот, Лукас, Милитао, Алаба и Менди во одбраната, Касемиро, Крос и Модриќ се задолжени за креацијата, а во нападот се Родриго, Бензема и Винисиус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг