Откриено како Баерн го „шутнал“ Крос: Јави му се на твојот агент, нема да добиете толку пари!

Дерби

24/10/2021

15:58

3.861

Големина на фонт

а а а

Тони Крос веќе седум години е во шпанската престолнина и се претвори во еден од легендарните германски фудбалери кои го носеле дресот на „кралскиот клуб“, но како еден од клучните и во актуелниот тим на Карло Анчелоти, доскорешниот германски репрезентативец и натаму е многу интересен за јавноста во домашната земја.

Крос ги разбесни раководните структури на Баерн Минхен со својот однос во 2014-та година и трансферот во Реал по Светското првенство на кое токму Германија славеше во големото финале, од едноставна причина што тогаш младиот играч за врска одби да ги прифати условите на баварците за нов долгорочен договор.

Наместо тоа, Крос направи трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, а сега неговиот агент ексклузивно за „Билд“ откри како течела цела мешаница во Баерн Минхен.

– Првпат бевме повикани од Баерн во септември 2013-та година. Баерн сакаше да му го продолжи договорот, Тони не беше баш убеден. Понудија шест милиони евра по сезона. Во тој момент, изгледа заборавија дека јас знаев за договорот на Геце, кој заработуваше 10 милиони по сезона.

– Поради тоа, побаравме 10 милиони евра. Гвардиола сакаше да го задржи, лично му го кажа тоа на Тони. Истото му го кажа и на Румениге. Во месец ноември, одново се сретнавме во Минхен и тогаш Румениге ми кажа дека нивната последна понуда е 6,5 милиони евра по сезона. Му реков дека не прифаќаме помалку од 10 милиони евра. Разговорот заврши после само 28 минути. После ова, на сцена стапи Ули Хенес. На 2-ри февруари 2014-та година, Хенес влегол во соблекувалната и му се развикал на Тони: Јави му се на твојот агент, тука никогаш нема да добиеш 10 милиони евра! Тогаш веќе беше јасно дека Тони нема да игра во Баерн наредната сезона. Им се јавивме на големите клубови и не можеа да поверуваат. Се чудеа како клучниот играч на Гвардиола е пуштен на слобода од Баерн, – открива Волкер Штрут.



Спонзорирани линкови

Маркетинг