Гвардиола го испофали играчот кој имаше бавен старт: Некои играат на една позиција, а некои играат фудбал!

Дерби

24/10/2021

15:56

2.955

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити победи на гостувањето кај Брајтон со убедливи 1:4 и продолжи да го следи чекорот на прволасираниот Челси, триумф по кој Пеп Гвардиола го истакна името на фудбалерот кој имаше бавен старт на сезоната поради повредата која ја влечеше.

Фил Фоден ги пропушти првите натпревари и имаше задоцнет почетокот на новата сезона, во која полека одново се враќа на старата улога и е клучен во системот на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак не штедеше комплименти за англискиот репрезентативец по вчерашната партија во која постигна два гола од вкупно четири, нагласувајќи дека Фил може да ги покрие сите позиции во нападот на неговиот тим.

– Некои фудбалери играат на само една позиција, а некои играат фудбал. Не треба да се поставува прашање за тоа на која позиција игра Фил. Тој игра добро на секоја позиција, тој добро игра фудбал.

– Најважно е што го разбира фудбалот, ја разбира играта. Понекогаш ни е потребен лево, некогаш десно, некогаш во средина. Тој поседува квалитет да игра во завршната третина од теренот и тоа го прави на врвно ниво. Може да игра како напаѓач, како лажна деветка, како лево и десно крило. На последните натпревари не беше баш добар пред голот, но тој е млад и може само да се подобрува. Има извонредно чувство за гол, мора само да остане мирен надвор од теренот бидејќи се уште е многу млад, – изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг