Коронавирус во Русија: Повторно е висок бројот на починати, Москва оди во локдаун од крајот на октомври

Точка

24/10/2021

15:50

3.202

Големина на фонт

а а а

Русија во последните 24 часа повторно забележила висок пораст на бројот на починати од последица од коронавирусот, 1.072 соопшти Кризниот центар за борба против коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, 230.600 пациенти вкупно починале од корона, додава Кризниот центар.

За споменатиот период пријавени се уште 35.660 случаеви на корона вирус, што доведува до вкупен број од 8.241.643 случаеви на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Бројот на опоравени пациенти е 22.784.


Претседателот на Русија, Владимир Путин оваа недела го одобри затворањето на работните места во првата недела од ноември, а Москва ќе биде под локдаун од 28 октомври.

Само продавниците со основни намирници и аптеки ќе можат да бидат отворени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг