(Видео) Ќерката на Сколс објави бизарно видео на кое се гледа екс играчот на Манчестер Јунајтед

Дерби

24/10/2021

12:51

3.476

Големина на фонт

а а а

Ќерката на легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, на социјалните мрежи објави бизарно видео од кое многумина останаа згрозени.

Имено, на видеото се гледа како Сколс ги грицка ноктите од нозете на неговата ќерка која со објавата на истот ставила и наслов „Вистинска љубов“.

Многумина останаа зачудени што Сколс дозволил ваквото видео кое очигледно предизвика реакции да биде објавено на социјалните мрежи.

На Твитер се шират разни реакции на сметка на Сколс, а повеќето се во крајно негативен контекст.

Сколс важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиер лигата, а во последно време се јавува како стручен аналитичар за натпреварите од Англија во неколку телевизии на Островот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг