Клоп со интересна и помалку чудна дефиниција за Фирмино: Тој е најдобриот…

Дерби

24/10/2021

10:56

3.737

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот напаѓач од редовите на Ливерпул, Роберто Фирмино често пати е критикуван од јавноста поради неговите не толку изразени реализаторски вештини, за разлика од неговите колеги Мо Салах и Садио Мане.

Фирмино ретко кога е споменуван кога се зборува за напаѓачите на Ливерпул, но и покрај тоа често добива шанса од Јирген Клоп кој во последно сепак му ја дели минутажата со Диого Жота.

Пред натпреварот со Манчестер Јунајтед, Клоп сепак го пофали својот играч дефинирајќи го како најдобриот офанзивец со дефанзивни карактеристики.

– Тој е поврзувач, најдобриот офанзивен дефанзивец кој сум го видел во животот. Многу важен играч за нас.

– Фирмино ја брка топката, неверојатно е паметен тактички и може да игра и на најтенките места на теренот, да носи добри одлуки за многу брзо време. И како врв на сето тоа, тој може да постигнува голови, и токму затоа ние сме среќни кога ќе си се награди самиот себе, како со хет-трикот против Вотфорд, -изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг