8 години без Долорес Ламбаша: Актерката починала на истото место како Тоше Проески, а зборовите на нејзината мајка го кршат срцето

Точка

23/10/2021

21:49

8.509

Големина на фонт

а а а

Хрватската актерка Долорес Ламбаша починала на 23-ти октомври, 2013-та година од повредите здобиени во тешка сообраќајна несреќа кај Славонски Брод.

Нејзиниот постар колега, Стојан Матавуљ бил зад воланот тој кобен ден, а Долорес во моментот на смртта имала само 32 години. Во последното интервју рекла дека единствена желба ѝ е да биде жива и здрава.


Мајката на актерката, Алма Петровиќ, минатата година пред годишнината од смртта немала сила да зборува за неа.

„Ништо не ми е полесно“, кратко рекла, а пред неколку години изјавила дека со текот на времето ѝ е сè потешко.

„Често одам на гробишта, што да правам... Но, тоа не ми прави полесно да ми е. Ако не одам, ужас, ако одам исто. Кога ќе ја видам на телевизија мислам дека е тука, дека е жива. Шок е кога ќе го вклучам телевизорот и ќе ја видам или пак кога ќе ми јават дека е на телевизија. Што ми вреди тоа кога моето дете го нема. Секој 23-ти ми е одвратно, но не само на тој ден, туку секој ден. Неа ја уби еднаш, мене секој ден ме убива. Тоа ми беше единствено дете, живеев за неа, се мачев за неа. Одвратно се чувствувам“, изјавила своевремено мајката на актерката.


Долорес е родена во 1981-ва година, завршила гимназија и музичко училиште.

Таа одела на часови по соло пеење, гитара, историја на музика и диригирање. Глумела во неколку филмови, а се прославила со улогите во серии и сапуници како „Одмори се, заслужи“, „Засекогш соседи“, „Најдобрите години“...

Последното актерско достигнување го направила во серијата „Роза на ветрот“. На снимањето на серијата се зближила со колегата Стојан Матавуљ (59). Токму тој бил зад воланот тој кобен ден кога Долорес починала, а поради тоа Матавуљ 8 месеци поминал во затвор. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг