Прва изјава на Алек Болдвин по трагедијата во која случајно ја усмрти својата колешка: „Моето срце е скршено...“

Точка

22/10/2021

20:00

5.844

Големина на фонт

а а а

Актерот Алек Болдвин првпат се огласи по инцидентот на сетот каде случајно ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс, пренесува „BBC“.

Да ве потсетиме, за време на снимањето филмот „Rust“, Алек случајно застрелал двајца колеги со пиштол кој требало да биде полн со лажни куршуми. За жал, едниот од колегите - кинематограферката Халина Хачинс го изгуби животот.

По инцидентот, актерот се огласи на социјалната мрежа Твитер:

„Моето срце е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите оние кои ја познаваа и сакаа Халина“, се огласи Болдвин на својот Твитер профил.

„Не постојат зборови да го искажам шокот и тагата поради трагедијата која одзеде живот. Халина Хачинс, жена, мајка и колега на која сите ѝ се восхитувавме. Апсолутно соработувам со полициските истражувачи за да заклучиме како оваа несреќа се случи“, напиша Болдвин.

„Во контакт сум и со нејзиниот сопруг, му нудам поддршка и нему и на цело семејство“, додал Болдвин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг