Подгответе си „златно млеко“ и зајакнете го вашиот имунитет

Точка

22/10/2021

20:59

28.072

Големина на фонт

а а а

Млеко од куркума на индиски „haldi dooh“ е еден од најпопуларните напитоци за зајакнување на имунитетот, лекување на настинка, грип, а се користи и кај артритис и воспаленија.

Напитокот кој уште се нарекува и „златно млеко“, со векови се користел во Азија во борбата против многу болести, а денес е популарен напиток во сите култури.

Главната состојка е куркумата која содржи куркумин.


Куркумата има противвоспалително дејство, антисептичко и антиалергиско, исто така помага и кај респираторните тегоби, делува на расположението и помнењето. Ова млеко може да го зголеми вашиот имунитет, да го намали крвниот притисок да го регулира метаболизмот.

Многумина го подготвуваат со кравјо млеко, а ние ви откриваме еден необичен рецепт со ѓумбир и цимет, млеко од кокос или бадем.

Подготовка на златно млеко:

- 1 шолја кокосово млеко (или бадемово);
- 1 стапче цимет;
- 1 парче куркума, неизлупено и тенко исечено или пак 2 лажици куркума во прав;
- 1 тенко исечкан ѓумбир;
- 1 лажица мед;
- ¼ лажица бибер.


Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во помал сад на оган. Почекајте да зоврие (варете околу 10 минути).

Исцедете го напитокот и испијте го со цимет во прав.




Спонзорирани линкови

Маркетинг