Експертите велат дека нерамниот терен е главниот „виновник“ за неговиот необичен облик, а кој ќе го забележите кога градот ќе го видите од птичја перспектива.
Чентурипе е древен град кој се простира на околу 173 километри квадратни во италијанската провинција Ена на истокот од Сицилија.
Првпат се споменува во записи како град на племе уште во 5-от век пред Христос.
Чентурипе е сместен на брдовит терен на надморска висина од околу 730 метри.
Експертите велат дека токму нерамниот терен е главниот виновник за неговиот облик, а истиот ќе го забележите доколку градот го набљудувате од птичја перспектива.
Имено, веќе одредено време на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од овој гад од птичја перспектива на кои видливо е дека градскиот центар се шири на пет различни краци.
Некои од луѓето коментирале дека градот потсетува на морска ѕвезда, а други на монументален човек со раширени раце и нозе.
Доколку се најдете во овој сицилијански бисер задолжително истражете ги неговите посебности – од остатоци на тврдини кои го опкружуваат градот, до неколку стари цркви и археолошки музеј кој ги чува тајните на овој простор.
Од Чентурипе може да уживате и во неверојатен поглед кон највисокиот вулкан во Европа – Етна, кој се издигнува на висина од околу 3.354 височина.