Алек Болдвин (63) на снимањето на филмот случајно ја усмртил снимателката и го ранил режисерот, а таа вест брзо го обиколи светот.
Бидејќи актерот сега е во центарот на вниманието, неговите профили на социјалните мрежи се 'чешлаат' и најден е еден негов пророчки твит од 2017-та година.
Имено, Болдвин пред четири години на Твитер ја критикувал полициската акција во Калифорнија во која дошло до пукање и смрт на една личност.
„Се прашувам какво е чувството по грешка да убиеш некој“, напишал тогаш актерот.
Во соопштението на продуцентската куќа „Rust Movies Productions LLC“, кажано е дека целата екипа која работела на филмот во целост е скршена.
„Очајни сме и длабоко сочувствуваме со семјството и пријателитена на Халина“, стои во соопштението.
Филмот на кој работел Болдвин како коподуцент, го следи животот на ликот Раст, кој тој го толкува, а се работи за приказна во која 13-годишниот внук на главниот лик е обвинет за случајно убиство.