Славната манекенка покажа што значи да се биде стилизирана жена – преферира пастелни бои и лице без шминка

Точка

22/10/2021

14:10

6.545

Големина на фонт

а а а

Муза на многубројни дизајнери, таа е честа мета на фоторепортерите, а на нејзината специфична убавина и заводлиост годините не им можат ништо.

Еден од најславните супермодели на светот, Синди Крафорд е миленичка на многу од дамите поради својот беспрекорен изглед, ставот и движењето, но исто така и лежерните модни комбинации кои само со еден аксесоар ја прават толку женствена и елегантна.


Крафорд овојпат била фотографирана пред некој спа-центар во друштво на пријателка, а папарацо фотографите неретко ја фотографираат на улиците на Санта Моника.

Поранешната манекенка за овој октомвриски ден избрала да носи тренд пастелна комбинација која се состоела од длабоки панталони со широк крој и кожен ремен од модната куќа „Gucci“, како и маица во слична комбинација на боја.


Синди е позната по тоа што многу ретко ја стилизира косата надвор од професионалните ангажмани, а неретко можеме да ја видиме во природно издание без шминка, па дури и во шестата деценија од животот.

Со сопругот Ранде Гербер основала семејно гнездо во луксузна вила на Мајами Бич вредна 3 милиони долари, а нејзината наследничка Каја Гербер тргнала по стапките на мајка си, па така можеме да ја видиме на модните писти на многу светски брендови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг