Алек Болдвин скршен од болка, се појавија први фотографии од актерот по убиството на камерманката

Точка

22/10/2021

10:45

16.499

Големина на фонт

а а а

Актерот Алек Болдвин, на снимањето на филмот „Rust“ пукал од реквизит, филмски пиштол при што случајно ја усмртил камерманката Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза.

Како што пренесува „Independent“, Хачинс била пренесена во болница со хеликоптер, но набрзо починала. Соуза е повреден и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата Кристус Сент Винсент во Санта Фе.

Никој не е уапсен, јавува полицијата, а филмскиот сет во близина на градот Санта Фе е затворен.

Во соопштението од продукцијата на „Rust“ се наведува дека до несреќата дошло поради неправилна употреба на филмското реквизитско оружје. 

Според инспекторите, немилиот настан се случил за време на снимањето на сцена која вклучувала употреба на реквизити за огнено оружје, кога се случило пукањето.

„Истрагата е во тек“, велат од полицијата и додаваат дека Болдвин, главен актер и копродуцент на филмот, сам се пријавил. Во текот на испрашувањето, како што пренесуваат светските медиуми, постојано плачел.

Халина Хачинс е родена во Украина 1979 година, а пораснала во советска воена база во Арктичкиот круг. Студирала на Киевскиот национален универзитет и дипломирала меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година била дел од „21st Century Fox DP“, а една година подоцна е избрана за една од ѕвездите во подем на списанието „American Cinematographer“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг