Facebook го знае секој ваш чекор: Еве како да ја исклучите скриената дигитална мапа на вашиот профил

Точка

21/10/2021

20:10

23.970

Големина на фонт

а а а

Дали сте знаеле дека Facebook го следи секој ваш чекор и го бележи во дигиталната мапа, „скриена“ во подесувањата?

Станува збор за функцијата Location history која секојдневно го следи движењето на корисниците, особено доколку посетувате продавници и други бизниси, а ги поддржува IOS и Android системите.

Компанијата на овој начин, меѓудругото ги таргетира огласите кои ги пласира на платформата, пренесува „The Sun“.


IOS уреди

Facebook истакнува дека функцијата може да се исклучи или избрише од историјата на движење, а во денешниот текст ви откриваме како да го направите тоа.

На Apple телефоните изберете го Facebook менито (три линии во долниот десен агол), а потоа Settings & privacy – Privacy Shortcuts – Manage you location settings.

Таму може да ја исклучите функцијата, а доколку сакате да ги прегледате посетените локации кликнете на View your Location history.

Android уреди

Во горниот десен агол кликнете на Facebook мени, а потоа Settings & Privacy – Privacy Shortcuts – Manage your location settings – Location history.

Таму може да ја исклучите функцијата, а доколку сакате да ги прегледате локациите процедурата е иста како кај IOS.


Како да ја избришете историјата?

Може да ги избришете податоците од двете мобилни платформи, а прво мора да пронајдете Location history на самиот уред.

На IOS телефоните кликнете More во горниот десен агол, па Delete this day или Delete all Location history, па ОК.

Истата постапка е и на Android системите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг