Египќаните "уапсиле" робот уметник кој бил поради сомнеж за шпионажа

Точка

21/10/2021

17:31

6.897

Големина на фонт

а а а

Египетските власти го уапсиле роботот уметник именуван Аида поради сомнеж дека се користи за шпионажа. Пред две години група на експерти за роботика и уметност, програмери и психолози го направиле овој робот.

Овој проект вреди повеќе милиони фунти и константно се надоградува со напредна вештачка интелегенција, додека делата на Аида успеат да стигнат до изложба.

Ајдан Мелер, сопственикот на галеријата и раководител на проектот за развој на Аида, наведува дека тој робот е направен за го предупредат светот од опасност од искористување на технолошкиот развој, односно потенцијалната негативна насока во која би можела да се развива технологијата и вештачката интелегенција.


Мелеровата идеја е работата на Аида да биде расправа на јавноста и експертите и да предизвика длабоко размислување за технологијата и незјиното влијание врз светот.

Аида е магнет за медиумите, а нејзината работа се изложува во галериите и на посебни изложби.

Мелер договорил изложување на тие работи во Египет во пресрет на изложбата "Засекогаш сега", каде се изложуваат делата на најпознатите египетски и меѓународни уметници.


Но, патот до изложбата за роботот и Мелер бил прилично стресен.

Имено, египетските власти го уапсиле и обвиниле за шпионажа. Станува збор за роботот кој бил составен од различни компоненти, чипови и слично, а на царинарните работници им било сомнително.


Проблемот го решил Британската Амбасада, откако Аида излезе од затвор, што значи ќе учествува дека сепак ќе учествува на египетската изложба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг