Светски градови кои први ќе се најдат под вода ако се стопат ледниците: Има и градови од Балканот

Точка

21/10/2021

22:17

20.368

Големина на фонт

а а а

Истражувањето покажало дека од топењето на големите ледени површини на западниот дел на Гренланд во Европа треба да стравуваат Лондон, Дубровник, Тромсо, Осло, Атина.

Глобалното затоплување и топењето на ледниците е сериозен проблем кој може многу добро да се увиди со помош на алатите кои ги осмислила НАСА, а кои предвидуваат кои градови ќе бидат потопени поради топењето на ледниците предизвикано од глобалното затоплување.

Научниците во "формулата" ја ставиле и Земјината гравитација и нејзината ротација за да предвидат како водата ќе се "редистрибуира" низ светот.


"Алатот за секој град дава јасна слика за тоа кои ледници се од посебна важност", рекол своевремено за "BBC" еден научник кој учествувал во истражувањето.

Истражувањето покажало дека од топењето на големите ледени површини на западниот дел на Гренланд во Европа треба да стравуваат Лондон, Дубровник, Тромсо, Осло, Атина,Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест.

Податоците покажуваат дека топењето на ледниците имало влијание на растот на нивото на морето во текот на 20-тиот век, а во 21-виот век тоа влијание се зголемило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг