(Видео) Детали од сообраќајката која утрово се случи кај Тетово: Загина 45-годишна жена од Доброште

Точка

21/10/2021

13:40

6.545

Големина на фонт

а а а

Жена на 45-годишна возраст од тетовско Доброште го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи утрово на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возилото кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.

„Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино”, патничко моторно возило „тојота рав” со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Во рок од 3 дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19-ти октомври, 45-годишен маж од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг