Симпатичната баба Пиа го освојува Тик Ток, нејзините рецепти ги гледаат милиони луѓе

Точка

20/10/2021

21:50

8.105

Големина на фонт

а а а

Баба Пиа (84) од САД редовно споделува уникатни италијански рецепти на својот ТикТок профил, а нејзините видеа на оваа платформа ги гледаат милиони луѓе од целиот свет.

Вредната баба живее во Њу Џерси, а видеата ги снима и споделува нејзиниот внук Антонио. Пораснала во Рим и во текот на 50-те години на минатиот век се преселила во САД, каде денес живее со своето големо семејство за кое секојдневно подготвува вкусни јадења.

@nonnapiaa

Nonna Pia is BACK! ??? Making homemade cavatelli PART 1! ? ❤️ ##nonnapia ##homemade ##cavatelli ##pasta ##italian ##cooking ##madewithlove ##fyp

♬ Tra Veglia E Sonno - Gino Finocchiaro


Милион гледачи ги следат нејзините совети и рецепти. Скромната баба била воодушевена од реакциите на корисниците на социјалните мрежи, кои на нејзините објави оставаат само комплименти и пофалби.

Најголем број на луѓе ја следат на ТикТок, но бројот на следбеници на Фејсбук и Инстаграм исто така се зголемува, поради тоа што видеата се објавени на сите платформи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг