Преубавата тенисерка Ема Радукану е новото заштитно лице на Диор

Точка

20/10/2021

21:35

7.412

Големина на фонт

а а а

Младата британска тениска ѕвезда Ема Радукану станала новото заштитно лице на модната компанија Диор. Радукану е именувана за нов амбасадор на Диор нешто повеќе од месец откако го освои Ју Ес Опен.

18-годишната тенисерка ќе ја претставува облеката за жени од француската луксузна модна куќа Диор како и нивната козметичка линија.


Ема била присутна и на премиерата на филмот "No Time To Die" за британскиот агент Џејмс Бонд во септември, а тогаш носела фустан кој бил дизајниран од креативната директорка Мариа Грациа Чиури од колекцијата Круз 2022.


Радукану привлече големо внимание со одличниот настап на овогодинешниот Вимблдон, а тенискиот свет го шокираше со освојувањето на Ју Ес Опен, кога ја победи 19-годишната Канаѓанка, Лејла Фернандез. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг