Сопствениците на Њукасл им порачаа на навивачите: Не се облекувајте како Арапи кога доаѓате на натпревари

Точка

20/10/2021

20:45

4.350

Големина на фонт

а а а

Новите богати сопственици на Њукасл кои клубот го презеле пред повеќе од две седмици бараат од своите навивачи да не се облекуваат како Арапи кога одат на натпревар.

Групација од Саудиска Арабија била воодушевена со фактот дека првиот домашен натпревар под нивно раководство е одржан на распродаден стадион, но не и со сите настани таму.

"Голем број на навивачи на Сен Џејмс Парк носеле арапски костими за да го одбележат преземањето на клубот. Никој од новите сопственици не е навреден поради тоа и знаат дека секој навивач имал позитивна намера. Меѓутоа, постои можност дека тој потег ќе биде сфатен како непристоен и дека ќе ги навреди другите луѓе. Сите кои доаѓаат на стадион, без оглед на верата, можат да дојдат на стадион. Секогаш ги поддржуваме мултикултурните заедници и групи од кои клубот има голема поддршка", соопштија од клубот.


Инаку, Стив Брус од денес повеќе не е тренер на Њукасл. Иако клубот објави дека дошло до прекин на соработката поради несогласување, јасно е дека тоа е одлука на новите сопственици на Њукасл.




Спонзорирани линкови

Маркетинг