Британски економист повика на деглобализација, смета дека тоа би било економски оправдано

Точка

20/10/2021

21:00

2.292

Големина на фонт

а а а

Британскиот економист Пол Донован смета дека деглобализацијата би му помогнала на светот.

"Продажбата на роба во Америка направена во Азија е енормно неефикасна во контекст за заштита на околината. Неефикасно е бидејќи една третина од облеката од американските продавници ја горат, бидејќи никогаш не се продава", рекол Донован.

Според неговите зборови, кога производството би било во близина на потрошувачот, купувачот, тогаш би имало значително помалку отпад. Не само што тоа ќе биде добро за околината туку и за самата економија.


За него постојат два вида на деглобализација. Првата е онаа која ја нарекува активна деглобализација, а другата која оценил дека се однесува на локализација, мотивирана со економскиот национализам. Втората ја карактеризирал како многу штетна за економијата.

"Со неа се присилуваат компаниите да го преместуваат произвдоството од место каде тоа го прават многу ефикасно во место каде ќе биде помалку ефикасно", истакнал Донован.

Како што рекол, глобализацијата опаѓа. Не мисли дека тоа е лошо, но под услови дека постои стратегија и дека може да се реагира на тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг