Фан на Меси привлече големо внимание со понудата за него: Дај ми го твојот дрес...

Точка

20/10/2021

20:00

4.260

Големина на фонт

а а а

Да се дојде до дресот на Меси после натпревар за поголемиот дел од луѓето е невозможна мисија, па многумина измислувале начини да се обидат да дојдат до тоа парче облека.

Неодамна на натпреварот со Уругвај, едно 11-годишно дете го пречекал Меси пред тренинг кампот со транспарент во рацете испишан со многу интересна порака.

"Меси извини за мојата мајка. Не знаеше што прави. Се викам Кристијано".

Но, едно друго дете на синоќешниот натпревар на Лигата на шампиони каде ПСЖ играше против Лајпциг, отишло еден чекор подалеку со креативноста.

"Лео, дај ми го твојот дрес, јас ќе ти ја дадам мајка ми", напишало детето на транспарентот кое било присутно на трибините заедно со неговата мајка.

На многумина овој потег им бил симпатичен, додека другите биле згрозени со таа "несоодветна и морбидна" порака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг