Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Макфакс

20/10/2021

19:21

2.402

Големина на фонт

а а а

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен.

Полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство, пренесуваат светските медиуми.

Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот бил вооружен со нож и дека е опасен. На сите што го виделе им било препорачано да пријават во локалната полиција.

Страшното убиство се случило во областа Воклусе, во познатата туристичка област Прованса – Алпите – Азурниот брег.

Локалните медиуми објавија дека хеликоптер, тим кучиња и други средства биле распоредени во областа за да помогнат во потрагата по осомничениот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг